
Наскоро лет од Скопје до Рига и обратно – се преговараат и нови дестинации!
Од „ТАВ Македонија“ најавуваат нова дестинација – Рига.
Имено, директорот за приходи и развој во „ТАВ Македонија“, Владимир Граматиков во интервју за „Блумберг Адрија“ посочува дека компанијта е во преговори за уште нови дестинации.
„Во преговори сме за нови дестинации. Во следниот период ќе имаме отворање нова дестинација кон Рига, а во преговори сме и со други авиокомпании за нови линии, но сè уште рано да се каже“, вели тој.
Како што вели, секогаш во фокус, покрај Скопје, е и охридскиот аеродром, а интензивно се работи и на поврзување на Охрид со Турција.
„Работиме на носење нови туроператори и нови чартер-линии, но секако и редовни линии што ќе нè поврзат преку целата година. Интензивно работиме да се поврзе Охрид со Турција, но какви ќе бидат плановите сè уште не може да се каже“, вели Граматиков.
