
Насилници претепале малолетници во училиште и во трговски центар во Ресен и Кочани
ОВР Ресен поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 26.12.2023 во основно училиште во Ресен, пријавениот физички нападнал малолетник од Ресен – ученик во училиштето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 24.12.2023 во Градскиот трговски центар Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреди.

