Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ И ЖРТВИ: Во Бангладеш 150 текстилни фабрики прекинаа со работа
Економија

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ И ЖРТВИ: Во Бангладеш 150 текстилни фабрики прекинаа со работа

12/11/2023

AA

Се затворија многу текстилни фабрики во Бангладеш, а работниците бараат повисоки плати. Демонстрантите вандализираа најмалку 70 фабрики. 

Вчера 150 текстилни фабрики престанаа со работа во главните индустриски градови Ашулија и Газипур, северно од главниот град Дака.

Повеќе од 150 текстилни фабрики ја прекинаа работата на неодреден временски период. Тоа доаѓа во време кога индустријата е потресена од барања за зголемување на платите што доведе до протести, судири и погроми кај некои бизниси.

Од минатиот месец, има протести за повисоки плати. Најмалку тројца работници загинаа во насилството што избувна во протестите. Денеска почина и работник тешко повреден во насилството, а со тоа бројот на жртви се искачи на четири лица.

Комитетот на текстилниот сектор кој ги формулираше предлозите за минимална плата во индустријата предложи на почетокот на неделата зголемување од 56,25 отсто на основната месечна плата за четири милиони текстилни работници, со што платата ќе изнесуваше 12.500 бангладешки така (104 евра). Синдикатите веднаш го отфрлија овој предлог.

Во четвртокот, околу 15.000 работници се судрија со полицијата на автопат и ограбија неколку текстилни фабрики. Полицијата поднесе жалба против 11.000 луѓе, кои јавно не ги идентификуваа.

3.500 текстилните фабрики во Бангладеш сочинуваат околу 85 отсто од годишниот извоз на земјата од 55 милијарди долари и снабдуваат производи за многу познати светски брендови како Зара или H&M. Но, условите за работа за најголем дел од четирите милиони вработени во индустријата, од кои повеќето се жени, се очајни.  Македонија има потреба од текстилни работници. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи

24/07/2026
Македонија

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска

24/07/2026
Македонија

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против

24/07/2026
Македонија

Аларм од сточарите: Се бара итна вакцинација на овците

24/07/2026
Македонија

УЈП со засилени контроли: Се чешлаат приходите од издавање апартмани

24/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Толеранција нема да има за никого, брзо ќе го

24/07/2026
Македонија

Пелистер побеле во јули: Драстичен пад на температурите донесе снег

24/07/2026
Македонија

Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи и поефикасни термини

24/07/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин,

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска мисија во Словјанск

24/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати силна осуда по повод рускиот напад врз градот Словјанск во

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против сипаниците кај овците

24/07/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy