Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нашето време истече, доаѓаат векови на ерупции! Научниците во паника поради вулканот на Исланд
Македонија

Нашето време истече, доаѓаат векови на ерупции! Научниците во паника поради вулканот на Исланд

15/11/2023

AA

Fagradalsfjal се подготвува да еруптира, а акумулацијата на магма за само еден ден предизвика околу 800 земјотреси

Очекуваната вулканска ерупција на Исланд е само почеток на новата ера на вулкански ерупции што ќе трае со векови, а магмата што се акумулира под крајбрежниот град Гриндавик е само сигнал за тоа што следува, предупредуваат научниците, како што информираат од Дејли Мејл. Вулканот Фаградалсфјал на полуостровот Рејкјанес би можел да еруптира, а властите предупредуваат дека „веројатноста за вулканска ерупција е голема“ и може да се случи во секој момент.

По 800 години неактивност, 2021 година го означи почетокот на новиот циклус на вулканска активност, а вулканологот од Кембриџ, Клајв Опенхајмер, вели дека ерупцијата може да предизвика нова еруптивна фаза која ќе трае со векови.

Геолошките податоци покажуваат дека периодите на неактивност на овој исландски полуостров траат меѓу 600 и 1.200 години, проследени со периоди на чести ерупции кои траат од 200 до 500 години.

– Времето истече. Можеме да се подготвиме за неколку стотици години ерупции на Рејкјанес – вели Едвард Маршал, истражувач од Нордискиот вулканолошки центар на Универзитетот во Исланд, за LiveScience.

Регионот имаше повеќе од 800 земјотреси за само еден ден, а експертите веруваат дека магмата се повеќе се зголемува и расте стравот од вулканска ерупција. На 10 ноември властите го евакуираа градот Гриндавик.

Исланд се наоѓа помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, кои се меѓу најголемите на планетата, па затоа е центар на сеизмичка и вулканска активност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy