Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5 И НА ИВАН МИРЧЕВСКИ Апелација ја потврди пресудата на Граѓанскиот суд
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5 И НА ИВАН МИРЧЕВСКИ Апелација ја потврди пресудата на Граѓанскиот суд

17/02/2026

AA

Апелацискиот суд во Скопје ја потврдил пресудата на Граѓанскиот суд во Скопје, со која новинарот и поранешен претседател на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани е осуден за клевета и навреда, по тужба од Телевизија Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски.

Оваа информација ја објави самиот Селмани, со објаснување дека, според Судот, тој клеветел една национална телевизија и нејзиниот директор (Канал 5 и Иван Мирчевски) затоа што на суд не го докажал своето тврдење дека „медиумите се уште се контролирани од партиите и владата“ и дека „директорот на телевизијата врши притисок врз новинарите“.

„Потсетувам дека истиот директор во 2023 година пред целата македонска јавност се вмеша во дебатна емисија на новинар, прво се обиде да го избрка гостинот, а потоа му нареди на новинарот да ја прекине емисијата”, објави Селмани кој открива дека судот не досудил штета, туку го обврзал да плати адвокатски трошоци на тужителите и да објави дел од пресудата во еден дневен весник.

„Ова информација ја споделувам со Вас не затоа што јас лично сум засегнат, туку затоа што оваа пресуда може да има несогледливи последици врз слободата на говорот во Северна Македонија ако не се реагира навремено“ – пишува Селмани во својата објава.

Тој вели дека е жално што судот уважил тужба, која, ако доселедно се почитува законот и европската судска пракса, би трбало да биде отфрлена.

„Овие тужби во принцип судот треба да ги отфрли затоа што се користат како средство за вознемирување, ограничување или казнување на слободното избразување на теми од јавен интерес. Нивната цел е да малтретираат, заплашуваат и да замолчуваат критични гласови во општеството и да предизвикаат „ефект на одвраќање“ од јавна дебата” – пшува Селмани. Тој додава дека, препознавајќи го овој проблем, Советот на Европа во 2024 година донесе Препорака за борба против употребата на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs).

Тој ги повикува новинарските здруженија, ЗНМ, Синдикатот на новинари, СЕЕМ и други невладини организации кои се занимаваат со заштита и промоција на слободата на медиумите, внимателно да ги следат и да реагираат соодветно на ваквите опасни обиди за ограничување на слободата на говорот.

„Исто така, ја повикувам Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадите на САД, Германија, Франција и на Велика Британија, да ги известат нивните влади за оваа негативна судска пракса која се воспоставува во Северна Македонија, која сериозно ја ограничува слободата на говорот во земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ”, пишува Селмани.

Канал 5 односно, директорот на телевизијата Иван Мирчевски, објави одговор на оваа објава на

новинарот Насер Селмани, која тој ја нарекува „Анатомијата на лагите и клеветите” .

Мирчевски реагира на повеќе наводи од објавата на Селмани и бара, по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје, ЗНМ да го исфрли од своите редови.

,,Имено, по неговата вербална канонада во јавниот простор во кој доминираа навреди, клевети, говор на омраза, манипулации, тешки лаги и паушалности насочени кон мене лично, но и кон телевизијата Канал 5, за мене ќе беше самоевтаназија ако овој негов „раскошен вокабулар“ го премолчев институционално”, пишува во реакцијата на Мирчевски.

,,Овој човек кој едно време беше и прв човек на ЗНМ, верувале или не, навредите, лагите и клеветите кои ги блуеше од сопствената уста си ги смета за СЛОБОДА НА ГОВОР” . Се прашувам како би изгледал некој негов настап кога тој би користел слободни говорни активности ако ваквиот срамно безочен наратив за еден новинар, за овој лик се некаква форма на слобода на говор.

Вчера клеветите и навредите кон Канал 5 и Иван Мирчевски станаа правосилни со одлука на Апелација. Како првостепениот така и апелациониот Суд во Скопје најдоа дека, цитирам: „На вака утврдените факти првостепениот суд применувајќи ги одредбите од член 8, член 9 и член 19 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (ЗГОНК), утврдил дека тужениот сторил клевета спрема тужителите на ден 03.11.2023 година во 12:55 часот…

За жал, нашата тужба беше логичен чекор особено што тој ја одби понудата за јавно извинување, доблестен чин кој досега многумина го прифатија и направија.

После ваква правосилна пресуда за тешка клевета и навреда најмалку што можат да направат е да го исклучат Насер Селмани од ЗНМ”, пишува Мирчевски во својата реакција.

Да потсетиме, Насер Селмани беше тужен за клевета и навреда за изјави дадени во интервју за Цивил медија од 3 ноември 2023 година. Селмани беше прашан да го коментира инцидентот во Канал 5, претходните денови, кога аналитичарот и политичар Исмет Рамадани беше избркан од студиото на Канал 5 со директно телефонско јавување на директорот Иван Мирчевски, во емисијата која одеше во живо. Селмани во интервјуто рече дека „инцидентот во Канал 5 не ме чуди, медиумскиот простор сè уште служи како огласна табла на партиите“ и дека „медиумите се контролирани од партиите и владата“.

За овие изјави Канал 5 и Мирчевски поднесоа тужба за навреда и клевета. Граѓанскиот суд во Скопје делумно ја прифати тужбата, прогласувајќи го Селмани за виновен за клевета, врз основа на неговите вредносни судови во споменатото интервју. Тој беше задолжен да објави извинување во еден дневен весник кон Канал 5 и Мирчевски, но судот го одби барањето за материјална штета како неосновано. Апелацискиот суд ја потврдил оваа пресуда на Ѓраѓанскиот суд.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy