Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината
Македонија

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

14/09/2023

AA

Преспанското Езеро, кое се протега од околу 260 квадратни километри, што е повеќе од двојно од територијата на Париз, изгуби седум отсто од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020 година, објави денеска „Еурактив“, повикувајќи се на извештај на НАСА.

Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и припаѓа на земјава, а остатокот на Грција и Албанија, порталот наведува дека станува збор за едно од најстарите езера во Европа, старо пет милиони години, кое е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија.

Локалниот рибар Ванчо Василевски за „Еурактив“ вели дека неговото кајче често се насукува, додавајќи дека само во последните два-три месеци нивото на водата опаднало за 36 сантиметри, а во последните денови „веројатно за уште два-три сантиметри“.

– Ќе се намали повеќе. Нема дожд, нема зима, нема снег, нема реки. Само една река влегува во езерото… Ова е катастрофа, природна катастрофа, додава Василевски.

Во текстот се наведува дека водата во Преспанското Езеро сега е за повеќе од осум метри под нивото од доцните 70-ти години на минатиот век, при што се додава дека Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предупредила оти некои видови на диви животни во езерото се изложени на ризик од исчезнување, поради „уништување на нивното живеалиште преку штетни земјоделски практики, ерозија и испуштање непречистен отпад и отпадни води“.

– Секој пад на нивото на водата може да влијае и на многу поголемото Охридско Езеро, кое е на само 10 километри од Преспа и кое црпи околу една третина од својата вода од Преспанското Езеро. Екологистите велат дека недостигот на дожд, испарувањето и прекумерната употреба на водата за наводнување од сите три земји се главните причини за нејзината загуба, се додава во текстот.

Биологот Драган Арсовски од Македонско геолошко друштво за порталот вели дека нивото на езерото растело и опаѓало низ вековите и природата преживеала, но денес луѓето не успеваат да се прилагодат и да преземат акција.

– Има некои работи кога станува збор за глобалните климатски промени кои едноставно не можеме да ги промениме и треба да се прилагодиме на она што доаѓа. Некои работи можеби можеме да ги промениме, како што се нашите секојдневни навики, изјавува Арсовски.

Дополнително закана за ендемските видови во Езерото претставува и употребата на пестициди од страна на овоштарите, кои преку земјата одат во подземните води, а од таму и во Преспанското Езеро и насекаде, се додава во текстот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy