Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026

AA

Народниот правобранител постапува по службена должност поради сериозните поплави кои го погодиле Кичево, информира заменик-народниот правобранител Илбер Руфати од подрачната канцеларија во градот.

„Според првичните податоци, врз основа на фотодокументација и информации од граѓаните, поплавите зафатиле јавни сообраќајници, станбени објекти и објекти од јавен интерес, вклучително и образовна установа. Оваа состојба претставува директна закана за безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните“, информира Руфати.

Првичните индикации упатуваат на можни системски недостатоци во управувањето со атмосферската канализација, системите за одводнување и одржувањето на водотеците, што може да отвори прашање за институционална одговорност доколку се утврди непостапување или небрежност.

Народниот правобранител достави официјално барање до Општина Кичево, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за животна средина и просторно планирање. Во него се бара итна техничка проценка на причините за поплавите, детално информирање за досега преземените мерки, утврдување на евентуална институционална одговорност и изготвување конкретен акциски план со јасни рокови за санација и превенција.

Регионалната канцеларија Кичево ќе продолжи со интензивен мониторинг на постапувањето на институциите и, доколку се констатира непостапување или повреда на правата на граѓаните, ќе преземе понатамошни мерки согласно закон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy