Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАРОДНАТА БАНКА ПОКАЖУВА ВИСОКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ: Извештај на ММФ
Економија

НАРОДНАТА БАНКА ПОКАЖУВА ВИСОКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ: Извештај на ММФ

08/04/2023

AA

Народната банка
спроведува напредни практики на транспарентност, се наведува во Извештајот на
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којшто ги сумира наодите од оцените на
нивото на примената на принципите содржани во Кодексот на транспарентност на
централните банки на ММФ. Народната банка беше втора од вкупно седум
централни банки за кои ММФ во 2021 година направи оцена на практиките во однос
на транспарентноста и отчетот во работењето.

Долгогодишната заложба за висока транспарентност е
вградена во Законот за Народната банка и е поставена како стратегиска цел во
рамките на мандатот на Народната банка, се наведува во Извештајот. Поради
спроведувањето политика на висока транспарентност и достапност на информациите
во однос на своето работење, Народната банка гарантира значителна доверба кај
засегнатите страни и ја зацврстува својата автономија и ефикасност во
спроведувањето на политиките.

Извештајот на ММФ јасно утврдува дека сеопфатната
рамка на транспарентност на Народната банка е добро воспоставена и ги опфаќа
одлуките коишто се носат од аспект на монетарната политика, анализите и
монетарните и девизните операции. Високата транспарентност се отсликува и преку
навременоста и фреквенцијата на објавување на информациите. Во Извештајот, исто
така, се наведува дека Народната банка направила значителна напори за
подобрување на транспарентноста во делот на финансиска стабилност и се
очекуваат дополнителни подобрувања на практиките на транспарентност со новиот
Закон за финансиска стабилност. Во Извештајот се посочува и проширениот опфат
на јавно достапни информации за внатрешната ревизија и рамката за управувањето
со ризиците, како елементи коишто овозможуваат поставување интерни контролни
механизми на претпазливост во Народната банка, што придонесува за соодветно носење
на одлуките во рамките на надлежностите на централната банка.

Кодексот на транспарентност на централните банки е сеопфатен
збир на принципи и практики за транспарентност, коишто се препорачуваат од ММФ
за примена од страна на  централните банки. На тој начин, со Кодексот се
овозможува централните банки да ги оценат и да ги унапредат своите практики во
однос на отчетноста и да го зајакнат дијалогот со јавноста, заради појасно
презентирање на начинот на којшто се носат одлуките и како се постигнуваат целите
на централните банки.

Извештајот е достапен на следнава врска: https://www.imf.org/-/media/Files/Publications/PP/2023/English/PPEA2023006.ashx.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy