Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голем број надградби и доградби во Тетово, ќе издржат ли посилен земјотрес?
Македонија

Голем број надградби и доградби во Тетово, ќе издржат ли посилен земјотрес?

08/04/2023

AA

Доколку се погледнат постарите згради во Тетово се забележува дека ретко која нема надградби и доградби, па оттаму се наметнува прашањето дали тие претставуваат опасност за објектите особено при појава на земјотрес. Стручните лица од областа на градежништвото и архитектурата со кои разговаравме велат законски и според правилата можно е да се изградат квалитетни доградби и надградби, но се сериозно загрижени околу тоа колку тие објекти се издржливи поради менување на првобитниот облик и колку при надградбите и доградбите се почитуваат стандардите за градење.

Универзитетскиот професор по архитектура Бекир Адеми вели дека надградбите ги има и во високоразвиените држави, но дека тоа е еден обемен и тежок процес кој бара многу знаење, искуство и пред сè лична одговорност.

– Во законот се вика адаптација и пренамена. На пример, столбовите и гредите се примарна конструкција и логично е дека ѕидовите може да се рушат. Меѓутоа и не е толку добро да се рушат тие ѕидови, затоа што и тие се еден добар фактор на објектот како целина при земјотрес. Измените и реновирањата се голем проблем. Не само што ќе се оштетат постоечките ѕидови, туку многу често се случува и конструктивните елементи да се оштетуваат, затоа што нема контрола или изведувачите не ги интересира баш многу. Секој од нас барем еднаш реновирал свој стан и знаеме како тие имаат свој пристап. Треба да се донесе посебен закон за да се контролира целиот тој процес, вели Адеми.

Никола Антовски, дипломиран градежен инженер, вели дека масовната градба најмногу лежи во помалата инвестиција и нискиот стандард. Од друга страна, потенцира дека со изведбата на ваквите доградби се нарушува постоечкиот комодитет за основниот стандард за живот па така се оптоваруваат постоечките инсталации како водоводната и канализационата мрежа, електрификацијата, просторното уредување и останатото.

-Од градежен аспект доградбата или надградбата го менува веќе изведениот објект од секој аспект и го отповарува. Тоа е дополнителен товар за конструкцијата за која што објектот можеби и не е предвиден да ја издржи па се оди до неговиот лимит на носивост и употребливост. Носивите елементи како носачи, столбови и темели се предвидени за постоечкиот објект и се проектирани за тоа ниво на оптоварување. Со надградбата се дава дополнително оптоварување. Многу помали се интервенциите кога се работи за адаптација на поткровје зошто и новите товари се помали и се отприлика 10 до 15 проценти од тежината на објектот. Доколку се оди на надградба на нови етажи тогаш комплексноста на проектирањето и изведбата на објектот како и неговата експлатација е многу посериозна и можна е потреба на зајакнување на конструктивниот систем, вели Антовски.

Професорот Адеми е со сличен став околу старите објекти за кои сликовито вели дека си имаат „свој ритам на работа“. При земјотрес, посочува Адеми, објектот треба да биде флексибилен и сите движења, потреси и опасности треба да се пресметаат претходно.

-Значи она што е изречено претходно и според тоа направено, вие го менувате, му го менувате така да кажам кодот. Не дека не може да се менува кодот, но треба многу вештина и знаење. Ние лично сме имале многу такви интервенци, но и ги избегнуваме тие надградби. Тие што сме ги правеле, знам дека биле многу тешки процеси што бараат многу знаење, искуство, пред сè лична одговорност зошто утре никој нема да знае дека заради одреден стан паднала цела зграда. Прво, како луѓе сме одговорни сами пред себе, да мислиме дека и ние може да сме во тој стан, вели професорот Адеми.

Според инженерот Антовски, не може во проценти или бројки да се каже колку од објектите во Тетово се изградени по стандарди.

-Една од причините е тоа што вакви објекти како доградби и надградби се изведуваа како „дива градба“ која подоцна се легализира само со геодетски елаборат. Овие доградби и наградби немаа никаков доказ во пишана форма за тоа како се проектирани и изведени. Тоа влева голем сомнеж каква е нивната исправност и колку така изградените објекти се опасни. Во таквиот потфат се оставаше на волјата и свеста на инвеститорот за тоа каков објект ќе добие, безбеден или ризичен. Се разбира има и надградби кои се градени со целосна постапка за градба, одобрение за градба и изведба од стручен тим и надзор, потенцира Антовски.

На прашањето какви се надградбите во поглед на опасноста од рушење при појава на земјотрес, Антовски посочува дека Тетово спаѓа во осма категорија според MCS скалата што значи дека при земјотрес се очекуваат значителни штети во просечните конструкции со парцијален колапс и во слабо изведените конструкции.

-Самата изведба на доградба или надградба го зголемува ризикот од зголемени деформации на постоечкиот објект при експлоатација, а посебно при појава на земјотрес. Објектите кои се изведени по стандарди и предвидени односно проектирани имаат значително помал ризик за нивен колапс при појава на земјотрес. Кај нив се претпоставува дека се задржани основните параметри при проектирањето на доградби. Кај објектите кои се бесправно изградени немаме јасна слика за тоа колку е зголемен нивниот хазард за колапс при земјотрес, дали во таква ситуација ќе страда само доградбата или можеби целиот објект, оценува Антовски.

Според него, состојбата со доградбите и надградбите во Тетово е алармантна и она што загрижува е отсуството на институциите кои дозволуваат ваква градба.

– Причини за ваквите градби може да се бараат во повеќе фактори како економски, демографски, нискиот стандард, свеста на населението итн. Повеќе загрижува отсуството на институциите кои дозволија бесправна изградба на објекти кои може да доведат до опасност од рушење при земјотрес. Најмногу загрижува фактот што не се знае точната бројка на објекти на кој е изведена некаква градба и нивниот начин на изведба, потенцира Антовски.

Прописите и правилниците за надградба или доградба се исти како и за новите објекти. За стекнување на право на градба покрај стандардната процедура потребна е и согласно од 51 процент од станарите за да се почне со процедурата за одобрение за градба. Од градежен аспект најбитно за стабилноста на објектот е градежно-конструктивен проект со сите негови детали за изведба. Во него се дава начинот на изведба на надградбата односно доградбата како и „врската“ на постоечкиот објект со новата доградба. Во градежно-конструктивниот објект се оценува и дали е потребно појачување на постоечкиот објект за соодветно да одговори на новиот систем на надградба и објектот да биде согласно правилниците за градба. Во прилог на контролата за проектираниот објект е и мислењето кое го дава Институтот за земјотресно инженерство кое е задолжително за секоја нова градба.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46974
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И ПОЛИЦАЕЦ Жената има 2 скршени

28/11/2026

Сопругот кој вчера брутално ја претепа 42-годишната гостиварка е сместен во Психијатриската болница во Бардовци бидејќи имал нарушено ментално здравје,

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА МЛАДИТЕ Со новите предлог-измени квадратот

28/11/2026

Инвеститорите на станбени објекти ќе имаат законска обврска да издвојуваат 10% од станбената површина за млади брачни парови. Ова го

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е процедурата за итно постапување при

28/11/2026

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат итни дејствија за прибирање докази за случајот со брутално претепаната жена од Гостивар.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy