Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови
Економија

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

27/10/2024

AA

Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција од страна на Народната банка е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, и носењето квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики. 

Народната банка на Македонија дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Емилија Нацевска и  директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржан на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во Вашингтон, САД. 

– Во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, Народната банка редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Така, од октомври минатата година, Народната банка започна да ги објавува неконсолидираните кварталните финансиски сметки, состојби, а од крајот на месецов ќе почнат да се објавуваат и податоци на консолидирана основа. Во тек се подготвителни активности за податоците за финансиските текови, кои ќе почнат да се објавуваат од 2025 година – се нагласува во соопштението испратено од НБРСМ.

Од НБ додаваат дека во делот на екстерните статистики, во тек се два проекта за електронско известување за натамошно олеснување на процесот на доставување податоци до Народната банка. Kaj монетарната статистика, од централната банка велат се продолжува со активностите од проектот за интегриран систем на прибирање на податоци од банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели.

– Годинава за првпат беше објавен и Прегледот на „зелените“ показатели, чија цел е да се подобри достапноста на овие податоци, што е од клучно значење за анализите поврзани со климата и креирањето политики, како и да придонесе за подобро следење на одржливоста на финансискиот систем и економијата и да помогне подобро да се следат трендовите на „зелените“ пазари на капитал. Народната банка постојано применува и практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци – беше посочено на состанокот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy