
Народна банка пушта во оптек нови банкноти од 500 и 2000 денари
Советот на Народната банка донесе одлука за пуштање во оптек нови книжни пари во апоени од 500 и 2000 денари.
Новите банкноти ќе започнат да се користат од 1 септември 2025 година, а во промет остануваат и сите претходно издадени апоени од 500 и 2000 денари.