Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАРОДНА БАНКА ПРОЕКТИРА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 2,1 ОТСТО – Инфлацијата останува висока меѓу 8 и 9 отсто
Економија

НАРОДНА БАНКА ПРОЕКТИРА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 2,1 ОТСТО – Инфлацијата останува висока меѓу 8 и 9 отсто

16/05/2023

AA

Народната банка за оваа година проектира економски раст од 2,1 посто, а просечна инфлација во интеврал од 8 до 9 отсто. 

По усвојувањето на најновиот квартален Извештај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави макроекономските проекции на прес-конференција.

-Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и умерено забрзување на среден рок, како и постепено забавување на инфлацијата, при оцени за исцрпување на надворешните шокови и позатегнати финансиски услови. Во надворешниот сектор, притисоците врз дефицитот во тековната сметка се помали, поради пониските цени на примарните производи во моментов, но и очекувањата на меѓународните финансиски институции за нивно натамошно намалување за следниот период. Девизните резерви и на краток и на среден рок се во сигурната зона. Ризиците околу проекциите и понатаму постојат, а главно се поврзани со надворешното окружување, рече Ангеловска-Бежоска.

Во однос на економскиот раст, при незначителни промени во претпоставките за домашното и надворешното окружување и земајќи ги предвид најновите достапни информации околу најавените инфраструктурни проекти, проектираниот економски раст за 2023 година изнесува 2,1 процент што е помалку во однос на основното сценарио, но во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција. За 2024 и 2025 година, како што посочи гувернерката, проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот при што тој би изнесувал 3,6 отсто и 4 проценти, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на нашите најзначајни трговски партнери. Во поглед на структурата на растот во периодот 2023 ‒ 2024 година, од Народна банка очекуваат дека растот и во тековните проекции ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има мал негативен придонес.

-Во поглед на идната патека на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на непроменети очекувања за движењето на инфлацијата, односно ги потврдуваат октомвриските согледувања за нејзино забавување и сведување на едноцифрено ниво, во интервалот од 8 до 9 проценти во 2023 година. Енергетската компонента во значителна мера би придонесла за забавување на инфлацијата во 2023 година, што се должи на претпоставките за намалување на цените на енергентите, а се очекува постепено ублажување на ценовните притисоци и кај храната. На среден рок се очекува дека стапката на инфлација и натаму ќе забавува и ќе се сведе под 3%, близу до историскиот просек. Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат, образложи Ангеловска-Бежоска.

Таа дополни дека посилната надолна корекција на очекувањата за берзанските цени на енергијата и храната ги изменија проекциите, поточно сега се очекува значително понизок дефицит на тековната сметка во 2023 година, во споредба со октомвриската проекција, односно стеснување на дефицитот на 3,6 проценти од БДП во 2023 година.

-Во следниот период се очекува стабилизација на цените, што заедно со очекувањата за подобра глобална економија и закрепнувањето на најзначајните трговски партнери би придонесле за понатамошно стеснување на дефицитот кај тековните трансакции на 3,2% од БДП во 2024 година и 2,7 отсто од БДП во 2025 година. Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Најголемиот дел од финансирањето би се остварил преку странските директни инвестиции, како и долгорочното задолжување на државата. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на ниво соодветно на меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на девизниот курс, информира Ангеловска-Бежоска.

Последните оцени за кредитната активност на банкарскиот сектор, додаде, посочуваат на поумерен раст во однос на октомвриските проекции. На крајот на 2023 година кредитниот раст би забавил сведувајќи се на 5,7 проценти на годишна основа, при што одреден придонес за ваквите движења имаат и донесените монетарни и макропрудентни мерки. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се предвидува забрзување на растот и на кредитната активност во наредниот период, при што кредитниот раст за периодот 2024 ‒ 2025 година би изнесувал 6,6% во просек. Гледано од аспект на изворите на финансирање, се очекува дека кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9% во 2023 година и 7,7 отсто во периодот од 2024 до 2025 година, во просек.

-Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и за стабилизирање на инфлацијата на среден рок, заклучи гувернерката Ангеловска-Бежоска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Демографско самоубивање: Машките желки го истребуваат женскиот пол на островот

02/05/2026
Македонија

Приведени 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под

02/05/2026
Македонија

Првомајски хорор: Уапсени 5 лица за семејно насилство, меѓу нив

02/05/2026
Македонија

Државјанин од Чешка останал дефект во демиркаписко, побарал помош за

02/05/2026
Македонија

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, проект вреден

02/05/2026
Македонија

24-годишник од Кичево со нож пред кафеана нападнал сограѓани!

02/05/2026
Македонија

Пронајден починат маж во стан во Охрид

02/05/2026
Македонија

(НЕ)БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО: 604 деца биле жртви на сексуална злоупотреба, најмалите

02/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43024
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Демографско самоубивање: Машките желки го истребуваат женскиот пол на островот Голем Град

02/05/2026

Меѓународен тим на научници документираше прв случај во светот на природно „демографско самоубиство“ кај популација на копнени желки. Овој феномен

Приведени 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под алкохол, еден малолетник без возачка

02/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Првомајски хорор: Уапсени 5 лица за семејно насилство, меѓу нив и лице од Словенија!

02/05/2026

На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy