Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАРОДНА БАНКА ЌЕ МОЖЕ ДА РЕШАВА БАНКИ – ќе се воведуваат термини за заштита на документи, еве што друго се менува
Економија

НАРОДНА БАНКА ЌЕ МОЖЕ ДА РЕШАВА БАНКИ – ќе се воведуваат термини за заштита на документи, еве што друго се менува

14/02/2024

AA

Ќе се воведе Извршен
одбор како орган на управување на Народната банка
кој ќе преземе дел од
овластувањата и задачите на гувернерот. Народната банка ќе има обврски и за спроведување
на макропрудентна политика и преземање макропрудентни мерки
кон банките,
штедилниците и другите финансиски институции, а ќе може да врши и активности за
решавање на банките. Ова се дел од новините кои се планираат со предлогот за
измена на Законот за Народна банка кој веќе е доставен во Собранието.

Со постојниот
закон, Народната банка како орган за супервизија на банки, штедилници и други
финансиски институции, нема мандат за преземање макропрудентни мерки заради
спречување, намалување или отстранување на системските ризици.

– 
Со
измените, Народната банка ќе биде надлежна за спроведување макропрудентна
политика и преземање макропрудентни мерки. Исто така, на Народната банка и се
доверува вршење на активности за решавање на банки, при што се предвидува
надлежност на Народната банка за спроведување на подготвителни активности за
решавање на банка, започнување на постапката на решавање и примена на
инструментите и овластувањата за решавање на банка, при што НБ ќе може да
соработува и да разменува информации и податоци со Министерството за финансии,
Фондот за осигурување на депозити и други домашни органи и институции
, како и
со надлежни органи за решавање банки од странство – се појаснува во предлог
измените.

Новина е
воведување Извршен одбор како орган на управување на Народната банка, покрај
гувернерот и Советот. Извршниот одбор ќе биде составен од гувернерот и тројцата
вицегувернери. Извршниот одбор ќе преземе дел од овластувањата и задачите на
гувернерот
во делот на одлучувањето за издавање дозволи и согласности за
финансиски институции и преземање мерки кон банки, штедилници и други
финансиски институции кои се предмет на супервизија на НБ.

Исто така, Извршниот
одбор ќе има овластување да презема макропрудентни мерки заради спроведување на
макропрудентната политика, одлучување за започнување постапка на решавање на
банка со проблеми во работењето како и за примена на инструментите и
овластувањата за решавање на банка.

– 
Со
измените се овозможува диверзифицирање на девизните резерви
од аспект на
класите на инструменти што е правен основ за проширување на инвестициската
рамка. Ќе се дозволи стекнување на удели во странски инвестициски фондови. Се
овозможува флексибилност при управување со резервите и се креира простор за
подоголорчна разпределба на инвестициите, со цел повисок поврат на вкупните
девизни резерви – се појаснува во законот.

Деталите од
законот откриваат дека со измените Народната банка може да формира општи,
ревалоризациски и специјални резерви.

Исто така се
утврдува дека се бришат одредбите кои се однесуваат на можноста
Гувернерот и вицегувернерите да поседуваат над 5 отсто од капиталот во финансиска институција во Македонија. Со измените не смеат да имаат удел.

Исто така вработените
во Народната банка нема да имаат статус на административни службеници.

Новина во овие
законски измени е и воведувањето термини за заштита на доверливи документи.
Имено, предвидено е Народната банка да ги класифицира и обележува документите,
информациите и податоците кои не се јавни со следните степени на тајност: „НБ
ПРОФЕСИОНАЛНА ТАЈНА“, „НБ ДОВЕРЛИВО“ или „НБ ЗА ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА“,
во
согласност со прописите донесени од Советот на НБ.

– 
Се
воведуваат термините „нб професионална тајна“ , „нб доверливо“ и „нб за
ограничена употреба“ за да се зајакнат одредбите за доверливост со експлицитно
барање од надворешни страни
кои имаат пристап до доверливи информации, како и
членовите на Советот на НБ и нејзините вработени, да ги штитат деловните тајни,
кои вклучуваат и доверливи информации за субјекти кои се под надзор од
Народната банка и нивните клиенти (банкарска тајна). Истовремено, со бришење на
терминот „класифицирани информации“ од Законот за Народната банка се врши
усогласување со Законот за класифицирани информации. Предвидено е дека
податоците можат да се обелоденат по барање на јавното обвинителство
и во
случаи и на начин пропишани со законот со кој се уредува работењето на банките
и законот со кој се уредува решавањето банки – се прецизира во законот.

Членовите на
Советот и вработените во Народната банка се должни да ги чуваат во тајност сите
доверливите документи, информации и податоци.

Законот
предвидува и парични казни за оние кои ќе откријат некоја од заштитените
документи на НБ. Казните се движат од 250 евра за вработени во банката, па се
до 5.000 евра за голем трговец ако оддаде некоја тајна.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy