Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАРОДНА БАНКА БАРА НОВИ КАНДИДАТИ ЗА РАБОТА – еве ги деталите од огласот
Економија

НАРОДНА БАНКА БАРА НОВИ КАНДИДАТИ ЗА РАБОТА – еве ги деталите од огласот

24/03/2023

AA

Централната банка бара
нови кандидти кои сакаат да работат заедно со нивниот тим. НБРМ објави нов
оглас со кој се бараат заинтересирани кои би пополниле две работни позиици.
Иако платите не се екстра високи, сепак воопшто не се за отфрлање. Кандидатите
кои ќе ги исполнат критериумите за вработување во Народна банка ќе има плата од
38.526 денари.

Имено централната банка
објави оглас на својата веб страна за прием на две лица, кои ќе работат на две
различни позиции. НБРМ бара еден извршител во Дирекцијата за теренска
супервизија на работно место „помлад супервизор почетен II степен“. Втората позиција за која се бараат кандиат е во дирекцијата за
статистика на работно место „помлад статистичар почетен II  степен“ во отсекот за изготвување и објавуање екстерни статистики.

Заинтересирани треба
да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена
способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење
професија, дејност или должност.

Покрај општите
услови треба да има завршен факултет од областа на економските науки,со најмалку 180 кредити
(VIБ), работен стаж не се бара, но потребно е познавање
англиски јазик, работа со компјутери
познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за позиција
помлад супервизор ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења, англиски јазик
и работа со компјутер. Кандидатите за работното место помлад статистичар ќе
бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната
банка. 

Кандидатите треба
да достават пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци,
кратка биографија, препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од
претходните и тековните работодавачи, доказ за државјанство издаден од
надлежниот орган, потврда од надлежен орган (Централен регистар или надлежен
суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за
вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на
поднесувањето на пријавата, диплома или уверение за завршено образование, доказ
за работен стаж само доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското
осигурување и доказ за познавање на англискиот јазик и доказ за познавање
работа со компјутери.

– 
Во согласност
со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите коиимаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за
вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на
определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку
кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на
определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12
месеци.Договорот за вработување склучен на определено време,
може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од
Законот за работните односи – стои во огласот.

Висината на
основната нето плата за работните места ќе изнесува 38.526
денари, но за време на пробната работа висината на основната нето плата
изнесува 50 отсто, односно 19.722
денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70 проценти од основната нето
плата, односно 27.238 денари.

Рокот за
доставување на документите изнесува седум работни дена, сметано од наредниот
ден од денот на објавувањето на огласот, а изборот на работниците кои ќе
засноваат работен однос ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за
пријавување.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy