
НАПРАВЕНА Е ПРЕСМЕТКА: Колку пари би требало да исплатат САД за купување на Гренланд?
Направена е пресметка колку пари би потрошиле Американците за купување на островот Гренланд. Соединетите Американски Држави(САД) би можеле да платат над 2,2 милијарди долари за оваа намена.
Како што објави американскиот неделник Newsweek, евентуалната купопродажба на Гренланд би ја чинела американската влада над 2,2 милијарди долари. Односно тоа би биле годишни исплати од преку 600 милиони долари кон Данска.
Оваа сума е добиена со споредување на понудата што претседателот Хари Труман ѝ ја дал на Данска во 1946 година – 100 милиони долари во злато, што во денешна вредност изнесува околу 1,6 милијарди долари. На тоа се додаваат предлозите од администрацијата на Доналд Трамп, кој предложил годишни надоместоци од 600 милиони долари, како дел од можниот договор.
Во 2019 година, но и сега Трамп сака да го земе Гренланд под своја контрола и да биде дел од САД. Но, жителите на Гренланд не сакаат да се спојат со САД.