
Наполи задржа уште еден клучен играч до 2026 година
После Џовани Ди Лоренцо, Станислав Лоботка, Амир Рахмани, Марио Руи останува дел од наполитанците и продолжува стратегијата на Аурелио Де Лаурентис да ги задржува фудбалерите кои се костур на тимот.
Во многу брзо време ќе следи и официјализација на новиот договор со првата ѕвезда Виктор Осимен, кој ќе стане најплатен фудбалер во историјата на клубот, а од поодамна се најавува дека и македонскиот дојамант Елиф Елмас ќе добие нов договор, зашто актуелниот му истекува за две години, во летото 2025 година.
