
Наполи победи во Џенова и се качи на врвот во Серија А! (ВИДЕО)
Момците на Конте имаа одличен почеток на мечот, поведоа со гол на Ангуиса во 15. минута, а осум минути подоцна Рахмани зголеми на 2-0.
По шест минути игра во второто полувреме Пинамонти намали на 2-1 и ја врати Џенова во игра, но тоа беше се што направија домаќините.
Наполи сега е прв со 38 бодови, но Аталанта има само бод помалку, а утре го пречекува тимот на Емполи.