
Наполи му се извини на Осимен: Не сакавме да се мајтапиме со нашето богатство!
Актуелниот шампион на Италија објави видео на официјалниот профил на ТикТок во кое го исмева Осимен што бара да го изведе пеналот, кој потоа го промаши поради што наполитанците на славеа на гостувањето кај Болоња. Претходно, пак, беше објавено видео во кое се исмејуваат неговата фризура и глава, споредувајќи го фудбалерот со кокос. Објавата на култниот клуб веднаш стана вирална, а тоа што Наполи брзо ја избриша само ја направи попопуларна. Поради сето ова денеска се огласија и од таборот на италијанскиот шампион.
„Наполи, сакајќи да избегне каква било експлоатација на проблемот, истакнува дека никогаш не сме сакале да го навредуваме или да си играме мајтап со Осимен, кој е богатство на овој клуб. Како доказ за тоа, летово ја одбивме секоја понуда за негов трансфер во друг клуб. Социјалните медиуми, особено ТикТок отсекогаш користеле посебна форма на јазик со леснотија и креативност, без да сакаат, како во случајот со Осимен како протагонист, да навредуваат или исмејуваат. Ако, пак, Виктор забележал каква било навреда кон него, тоа не било она што го сакал клубот“, велат од составот од Неапол.
Осимен, кој во Наполи дојде за отштета од 75 милиони евра, постигна 62 гола со 15 асистенции на 107 натпревари досега во дресот на оваа екипа.
