
Наполи го задржа клучниот играч за врска до 2027 година!
Наполи има проект да ги задржи сите главни играчи на подолг рок, а на Лоботка договорот му истекуваше за две години, па наполитанците после извонредните настапи на Словакот во оваа незаборавна сезона во која имаат плус 18 во трката за „скудетото“ решија да го наградат и со побогат договор.
Платата на Лоботка му е зголемена за 800.000 евра нето, па наместо досегашните два милиони евра ќе заработува 2,8 милиони евра годишно. Тој во 2020 година дојде во Наполи од Селта Виго за 20 милиони евра.
Лоботка сезонава ги одигра сите мечеви за Наполи и во Серија А и во ЛШ.
? Prolungato il contratto di Stanislav Lobotka fino a Giugno 2027!
? https://t.co/vKfMQNKzwE pic.twitter.com/mqQQOXKa3v
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) March 15, 2023

