
Наполи ќе му даде уште една шанса на Гарсија, Елмас ќе почека за нов тренер!
Утринава се пишуваше дека челниците на Наполи имале состаноци со Руди Гарсија и на стратегот му се заканува отказ, но одлучено е да остане.
Но, следните неколку натпревари ќе бидат ставени под лупа, ако нема подобрување на ситуацијата, отказот ќе биде неминовен.
Веќе се шпекулира и со нови имиња за тренер на Наполи, се споменуваат Антонио Контер, Игор Тудор и Марко Џампаоло.
