Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Напишал застрашувачки манифест: ФБИ откри шокантни детали за напаѓачот од Вашингтон кој уби млад еврејски пар
Македонија

Напишал застрашувачки манифест: ФБИ откри шокантни детали за напаѓачот од Вашингтон кој уби млад еврејски пар

23/05/2025

AA

Маж роден во Чикаго, уапсен како единствен осомничен за пукањето во кое загинаа двајца вработени во израелската амбасада пред Музејот на еврејското наследство во Вашингтон, беше обвинет во четвртокот од федералниот суд за двојно убиство од прв степен.

Елијас Родригез, 31, е обвинет дека отворил оган врз група луѓе во среда навечер додека тие излегувале од настан за млади дипломати организиран од Американскиот еврејски комитет, организација која го поддржува Израел и се бори против антисемитизмот.

Официјалните лица изјавија дека по апсењето се слушнал како извикува „Слободна Палестина“.

Покрај убиство од прв степен, Родригез е обвинет и за убиство на странски службеници, предизвикување смрт со огнено оружје и употреба на огнено оружје при насилно кривично дело.

Жртви и мотив

Жртвите беа идентификувани како 30-годишниот Џарон Лисински и 26-годишната Сара Лин Милгрим, млад пар кој планирал свршувачка.

Нивните пријатели и членови на заедниците на кои им припаѓале рекоа дека двајцата биле посветени на градење мостови меѓу Арапите и Евреите со надеж дека ќе придонесат за прекин на крвопролевањето на Блискиот Исток.

По нападот, израелските амбасади низ целиот свет ги засилија безбедносните мерки.

Вршителот на должноста државен обвинител на округот Вашингтон, Џанин Пиро, изјави дека пукањето се истражува како терористички чин и дека може да следат дополнителни обвиненија. Таа нагласи дека е „прерано“ да се зборува за смртна казна, но додаде дека овој случај „ги исполнува условите за смртна казна“.

Службеникот на ФБИ, Стив Џенсен, изјави дека Родригез претходно не бил познат на нивното биро, но дека неговите профили и контакти на социјалните мрежи сега се прегледуваат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy