Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нападнат лекар од Рaдовиш
Македонија

Нападнат лекар од Рaдовиш

12/02/2024

AA

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

– Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

Оттаму потсетуваат дека со измените на Кривичниот законик, донесени минатата година, „нападот на доктор и друг здравствен работник на работно место, се смета за кривично дело напад на службено лице, што значи дека против напаѓачот треба да биде поднесена соодветна кривична пријава по службена должност“.

– Јавно изразуваме очекување дека надлежното Јавно обвинителство, во овој случај, ќе остане на висина на својата задача и ќе постапи согласно Законот, без разлика на тоа кој е напаѓачот. Потенцираме и дека особено е важно докторите да не премолчуваат каква било форма на насилство, доживеана на работното место, туку веднаш да пријават во полиција, а известување да достават и до Комората, со цел да може активно да се следи постапувањето на надлежните институции и да се предлагаат мерки и политики за подобрување на состојбите, истакнуваат од Лекарската комора.

Тие, како што додаваат, ги охрабруваат пациентите, во случаите кога не се задоволни од квалитетот на здравствената услуга, тоа да го пријават во соодветна постапка, согласно законски прописи, бидејќи само така, се истакнува во соопштението, ќе можат да се утврдат вистинските причини за настанување на некоја состојба или ситуација и да се најде решение за нивно надминување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy