Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Напад во училиште во Франција: Убиен наставник, двајца повредени!
Македонија

Напад во училиште во Франција: Убиен наставник, двајца повредени!

13/10/2023

AA

Утрово маж со нож уби наставник и тешко рани две лица во средно училиште во Арас, на северот на Франција, соопштија полициски извори.

Напаѓачот извикал „Алаху акбар!“ (Господ е голем).

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен потврди на мрежата Х дека напаѓачот е уапсен.

Француското обвинителство за борба против тероризмот ќе отвори истрага во врска со денешниот напад со нож во гимназијата во градот Арас, во кој едно лице загина, а неколку други беа повредени, а се појавија и видео снимки од немилиот настан.

Медиумите објавија дека напаѓачот пред инцидентот извикал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа. Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави драматично видео од нападот во училиштето. Во еден момент се гледа дека човекот кој на крајот бил избоден од напаѓачот се обидел да се одбрани со стол, по што се лизнал и паднал. Убиецот потоа почнал да го боде со нож.

Според полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и е во полициската евиденција. Осомничениот и неговиот брат се уапсени, пренесува БФМ, додавајќи дека напаѓачот има околу 20 години и е поранешен средношколец.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен, како и министерот за образование Габриел Атал отишле на местото на нападот, јавува телевизиската станица БФМ.

Сите училишта во Арас се затворени по денешниот напад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy