
Напад со нож во Вашингтон: Најмалку седум повредени, едно лице приведено
Полицијата во Вашингтон соопшти дека најмалку седум лица се повредени денеска во напад со нож, а едно лице е приведено.
Повредените лица се пренесени во болница, соопшти Брзата помош.
Нападот се случил во југоисточниот дел на градот, а затворени се неколку патишта, јави телевизијата ABC.