
Напад со меч во Лондон: Момче убиено, четворица повредени
Тринаесетгодишно момче денеска е убиено во напад со меч во Лондон, а четири лица се ранети, меѓу кои двајца полицајци, соопшти лондонската полиција.
Полицијата соопшти дека момчето било пренесено во болница откако било избодено и починало кратко време подоцна.
Според полицијата, четворицата повредени не се во животна опасност.
Британската полиција претходно соопшти дека уапсила маж (36) вооружен со меч по дојава за сериозен инцидент во североисточен Лондон во кој беа избодени неколку лица и дека инцидентот нема терористичка позадина.