
Нант преживеа на гости кај Јувентус, Севилја со една нога во осминафинале (ВИДЕО)
Српскиот голгетер Душан Влаховиќ по 13 минути ја затресе мрежата на гостите од Франција за водство од 1-0 на Јувентус.
Нант во вториот дел преку Блаз стрелаше за 1-1, по што Јувентус се разбуди и почна да напаѓа кон голот на гостите, меѓутоа не најде начин како да постигне втор гол.
Севилја беше подобра од ПСВ на домашен терен со 3-0, откако првиот гол го постигна Ен Незири во судиското надополнување на првиот дел, додека другите два гола беа дело на Окампос и Гудељ во второто полувреме.
Монако во драматичен натпревар во Германија го совлада Баер Леверкузен со 3-2, па така со добар резултат си заминува од Леверкузен.
Храдецки си постигна автогол за водство на Монако од 1-0, по што Диаби и Вирц стрелаа за 2-1 на Леверкузен, меѓутоа „кнезовите“ во завршницата од дуелот преку Диата и Дисаси ги поставија конечните 3-2.