
Нант го совлада Лориен во спектакл со осум гола
Крупи во шестата минута донесе радост за Лориен, меѓутоа во финишот на првото полувреме Нант преку Аблин израмни на 1-1 и ја врати неизвесноста.
Два гола на почетокот на вториот дел постигна Нант преку Комер и Мостафа Мохамед , по што Фавре намали на 2-3 во 76. минута.
И во завршницата беше возбудливо, откако најпрво Моле зголеми на 4-2, а потоа Тосин намали на 3-4 на пет минути пред крајот на регуларниот дел. Сепак, во судиското надополнување од пенал погоди Симон за конечни 5-3.
Нант има осум бода на шестата позиција во француското првенство, додека Лориен е на 13. позиција со шест бодови.