Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Намирници и хранливи производи што ѝ штетат на кожата и косата
Магазин

Намирници и хранливи производи што ѝ штетат на кожата и косата

24/11/2023

AA

Како што стареат, кај луѓето се забележуваат знаци на слабеење и опаѓање на косата. Проретчената коса може да биде предизвикана и од други причини – генетика, недостатоци во исхраната, па дури и надворешни фактори како што е стилизирањето. Но, и одредени видови храна може да предизвикаат проблеми со кожата и косата, па нутриционистите истакнуваат дека треба да се биде внимателен, на пр., со белиот леб.

Тоа, се вели, ако се јаде одвреме-навреме, нема веднаш да предизвика опаѓање на косата, но ако во исхрана нема есенцијални хранливи материи како рибофлавин, биотин, фолати и витамин Б-12 и се јаде претежно преработена храна, тоа не ѝ прави никаква услуга на косата.

Освен бел леб, и тестенините и оризот имаат висок гликемиски индекс, што може да предизвика воспаление и да доведе до сувост и пукање на косата.

Натаму – чипсот е познат по високата количина сол, а содржи и значително многу шеќер. Кога има вишок сол и гликоза во телото, тоа им пречи на протеините колаген и еластин, коишто ѝ даваат цврстина и еластичност на кожата.

Високиот внос на шеќер и сол ги стврднува протеините на кожата, правејќи ја послаба, потенка и помалку хидрирана. А сувата кожа е поподложна на чести воспаленија, црвенило, отоци и предвремени брчки. Според тоа, воопшто, солената конзервирана храна треба да се остави на полиците на продавниците ако целта е блескава, здрава и сјајна кожа.

Солената храна го дехидрира телото, што предизвикува кожата да лачи повеќе маснотии. Конзервираната храна содржи и многу состојки и намирници непогодни за кожа склона кон акни.

За млечните производи, исто така, научните истражувања покажуваат дека влијаат на лачењето маснотии во самата кожа. Иако внесувањето витамин Д и калциум е од суштинско значење за целокупното здравје, нутриционистите предупредуваат дека прекумерното јадење млечни производи може да предизвика прекумерно помрсна кожа и коса.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
Македонија

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска

28/11/2026
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46977
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА Во „Бехтел и

28/11/2026

Околу 1.200 нови, добро платени работни места се отвораат со забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Вицепремиерот и

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19 години од Охридско побарала помош

28/11/2026

Девојка на 19 години од Охридско во петокот, 28 ноември пријавила семејно насилство во полицијата. Според нејзината пријава, во нападот

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска не гледа логика во најавениот

28/11/2026

Проектот за проширување на мерката за субвенциониран студентски оброк преку апликацијата „М-услуги“ се развива со забрзано темпо, информираше денеска министерката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy