Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наместо стратешки инвеститор, продава струја на тендери во Македонија
Економија

Наместо стратешки инвеститор, продава струја на тендери во Македонија

05/07/2023

AA

„Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје е компанија која беше прогласена од Владата меѓу првите стратешки инвеститори во земјата, но наместо тоа, во последните три месеци започна со продажба на електрична енергија на државни институции преку јавни набавки во вредност поголема од 1,6 милиони евра за кратко време.

Владата на крајот на декември 2021 донесе одлука да му се даде статус на стратешки инвеститор по објавен повик од јануари истата година со проектот „Грид-тиед солар плант“ на „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје.

Наместо тоа, од крајот на март оваа година,  „Ринуабл Пауер Интернационал“ го добил тендерот на „Службен весник“ за набавка на електрична енергија за сума од 3,5 милиони денари. Во меѓувреме оваа фирма доби уште 21 тендер, а последните се објавени на системот за јавни набавки во текот на изминатите два дена со договори со училиштата СУГС Зеф Луш Марку – Скопје и СОУ Гошо Викентиев – Кочани. Најголемиот тендер е склучен пред два дена со струмички Комуналец во висина од 35 милиони денари. Договори се постигнати и со институции како Бирото за развој на образованието, кумановскиот затвор, Македонскиот народен театар – Скопје и други.

Оваа фирма инаку како стратешки инвеститор треба да изгради соларната електрана со јачина од 85 мегавати и вредна 63 милиони евра во атарот на Долни Балван во Општина Карбинци. Според она што го сублимира операторот на системот за електрична енергија МЕПСО во 2022, засега таму статусот останува само на изработка на анализа за приклучување.

Според претходни медиумски објави, сопственик на фирмата „РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје” е Павел Валнев– политичар од Бугарија.  Од Владата која донесе одлука да го избере Ринуабл односно Валнев за стратешки инвеститор во меѓувреме во одговор за медиумите нагласиле дека станува збор за американски инвеститор.

-Ринуабл Пауер Интернатионал е компанија во сопственост на г-дин. Павел Бисеров Валиев, кој е сопственик на американската компанија AmeriFreight Systems,која се занимава со транспорт и логистика од 2006 година, во своето портфолио има искуство во нафтениот бизнис кој е дел енергетскиот сектор, а компанијата соработува со клиенти како што се Samsung, Panasonic, Vizio, Apple, Playstation и др., пишува во коментарот испорачан од Владата пред година и пол.

Инаку за стратешки инвестициони проекти се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициони проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy