Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наместо полнолетство, марш за правда: Потресен говор на татко од Кочани кој ја расплака Македонија
Македонија

Наместо полнолетство, марш за правда: Потресен говор на татко од Кочани кој ја расплака Македонија

27/12/2025

AA

Наместо со звуците на роденденска музика, славење на полнолетство и бел фустан, денешниот 28-ми декември помина во тишина, солзи и марш за правда. Таткото на младата Надица, Александар Наунов, која го загуби животот во кобниот пожар во објектот „Пулс“ во Кочани, упати јавна и премногу болна порака на денот кога неговата прва рожба требаше да го прослави својот 18-ти роденден.

Во својот говор, таткото низ солзи се присети на последните заеднички моменти на 8-ми март, кога неговата ќерка последен пат ѝ дала подарок на мајка си. Тогаш, целото семејство, среќно и со надеж, правело планови за големата полнолетна забава.

„Зборувавме за музиката, за диџејот што ќе ја крене салата на нозе, за фустанот што ќе го носи и за тоа колку ќе биде убава и горда. Тоа не беа само планови, тоа беше животот што го очекувавме. Но, на 16-ти март сè згасна. Светлината се претвори во мрак“, рече тој.

Таткото во својот говор беше дециден дека трагедијата не е „божја волја“, туку резултат на длабоко нагризениот систем. Тој директно ги обвини институциите за немарот кој доведе до смртта на децата.

„Таа не замина по Божја волја, таа беше земена. Земена од корупцијата, од немарот, од системот што требаше да штити, а не да убива. Земена од институции што потфрлија и од луѓе што ја свртуваа главата на другата страна“, порача скршениот татко.

Најпотресниот дел од говорот беше неговото лично признание и ветување кон мртвата ќерка. Тој откри дека Надица, како да претчувствувала, барала од семејството да се исели од државата.

„Керко, прости ми што не те послушав кога велеше да се иселиме од оваа држава. Како да чувствуваше дека нешто страшно ќе се случи. Сега, единствена молба до Бога ми е да ми даде сила да го дочекам денот кога ќе се избориме за правда. Сакам да ги видам лицата на оние што ги убија нашите соништа. Сакам правдата да биде гласна колку што беше тивка нивната совест.“

Таткото вети дека неговата љубов сега е претворена во борба и дека нема да застане додека не дојде денот кога ќе може да клекне на нејзиниот гроб и да ѝ каже: „Ќерко, како татко ти се оддолжив. Не те заборавив и не се откажав.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy