
Наместо да се вивне кон второ место, Рома загуби во Кремона (ВИДЕО)
Домаќините си го отворија патот кон изненадувањето во 17. минута, со еден прекрасен удар на Цаџут од работ на шеснаесетникот, за 1-0. Нивното водств траеше долго, со него почна и второто полувреме, кое, патем, тренерот на гостите Жозе Мурињо, го проследи од трибините, бидејќи доби црвен картон.
Рома притискаше и се обидуваше, а резултатот стигна во 71. минута, кога домашната одбрана остави огромна празина и му дозволи на Спинацола да израмни. Сепак, домашната публика ја дочека својата космичка правда десетина минути подоцна, кога главниот судија Пичини покажа на белата точка, а Чофани ги постави конечните 2-1. Оваа победа на Кремонезе е куриозитетна и поради тоа што ја елиминира Рома и во Купот, исто така со 2-1, на 1 февруари.
По 14 порази и девет нерешени, Кремонезе, конечно, победи и побегна од последното место, со 12 бода, еден повеќе од Сампдорија. Рома остана на 44, на петтата позиција, зад Лацио со 45, Милан и Интер со по 47.
Ciofani scores from the penalty spot. Cremonese retake the lead vs Roma!#CremoneseRoma
— Reyi (@Reinaldodcg9) February 28, 2023
Leonardo Spinazzola levels the score! #CremoneseRoma
— Reyi (@Reinaldodcg9) February 28, 2023
Cremonese 1-0 Roma
— zack💚 FAST GOALS (@GoalsZack) February 28, 2023