Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМЕСТО ДА ГО ЕКСТРАДИРА КОСОВО ГО ОСЛОБОДУВА АЛИЛ ДЕМИРИ ЗА УБИСТВОТО НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО: Апасиев со обвинувања на Фејсбук
Регион

НАМЕСТО ДА ГО ЕКСТРАДИРА КОСОВО ГО ОСЛОБОДУВА АЛИЛ ДЕМИРИ ЗА УБИСТВОТО НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО: Апасиев со обвинувања на Фејсбук

29/08/2023

AA

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со сериозни обвинувања на својот Фејсбук профил.

„Деновиве беше објавено дека судот во Приштина наместо да го екстрадира Алил Демири, одлучил да го пушти на слобода – кој еден од осудените на доживотна казна затвор за громорозното петкратно убиство кај Смилковското езеро!Оваа одлука на косовскиот суд е СПРОТИВНА на меѓународното право, бидејќи Министерството за правда, според нашите информации, нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадицијата на Демири, поднесена уште во 2018. Според тоа, екстрадицијата сѐ уште активна, а косовскиот суд, по секоја основа мораше да го екстрадира во Македонија! Со ова, Косово ги прекрши Договорите за Екстрадација и Трансфер на осудени лица со Република Македонија потпишани во 2011 година.

Ова не е изолиран потег на крајно непочитување и флагрантно провоцирање на Македонија, како и нарушување на македонскиот СУВЕРЕНИТЕТ од страна на косовските власти! Само пред неколку недели, на непоканетата посета на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и Тетово, се вееа знамиња на голема Албанија и комплетно се игнорираа државните инсигнии на Македонија, со што директно се наштетува на унитарноста и угледот на Републиката.

изразува силна осуда, како до косовските власти за грубото прекршување на меѓународното право, билатералните договори и нарушувањето на суверенитетот на Македонија во последните неколку случувања, така и до домашната квислиншка власт, која дозволува сето ова да помине без никаква осуда или соодветна реакција.

Последните настани, како и бројни инциденти претходно, само ја потврдуваат великоалбанската политика, која повеќе не е израз само на маргинализирани групи, туку на официјални државни политики, како кај министрите етнички Албанци во Македонија, така и од другата страна од границата., напиша Апасиев на Фејсбук. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44938
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy