Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМАЛЕНИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: На Санторини се регистрирани 21.500 потреси
Регион

НАМАЛЕНИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: На Санторини се регистрирани 21.500 потреси

20/02/2025

AA

Сеизмолозите регистрирале околу 21.500 потреси во близина на грчкиот остров Санторини во последните три недели, објави Универзитетот во Атина.

Санторини аде што беше воведена вонредна состојба претходно овој месец е во голема неизвесност откако почна серијата земјотреси. Интензитетот на потресите е значително намален во изминатите неколку дена, па научниците се надеваат на постепено намалување на сеизмичката активност.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Блумберг“ денеска се осврна и на ситуацијата на островот, објасни дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“.

„Секако, секогаш ги слушаме научниците и треба да бидеме подготвени за сите евентуални можности. Сепак, Грција е безбедна земја и ова е порака што сакам да ја испратам. Никој не може да ја предвиди иднината, но ние сме воздржани оптимисти за она што се случува на Санторини. И ако работите се одвиваат како што треба, се надеваме на тоа, релативно брзо ќе се вратиме во нормална состојба“, изјави Мицотакис. 

Сепак, сеизмолозите не можат да ја исклучат можноста за голем земјотрес со јачина од шест или повеќе степени според Рихтеровата скала, јави агенцијата ДПА.

Постои веројатност до 300 објекти на работ на кратерот Санторини да се урнат во случај на силен земјотрес.

Кратерот Санторини е формиран од вулканска ерупција пред околу 3.600 години, а на неговите стрмни рабови сега се наоѓаат куќи и хотели.

foto EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy