Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Налепници со „НМК“ ознака наместо промена на регистарски таблички – економично решение со кое ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и фирмите
Македонија

Налепници со „НМК“ ознака наместо промена на регистарски таблички – економично решение со кое ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и фирмите

17/05/2023

AA

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички.

Целта на ова решение за употреба на налепница со „НМК“ ознака, предложено од МВР како најсоодветно, функционално и економично решение, е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија.

Покрај ова, со ова решение им се овозможува олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.

За операционализација на наведениот предлог Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.

Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака „МК“, ќе се предвиди можност за ставање на  налепница со испишана национална ознака „НМК“ на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје.

Притоа, оставена е можност за избор на граѓаните, што значи физичките и правни лица доколку не сакаат да стават налепница на постојните регистарски таблички, можат да побараат и замена на старите со нови регистарски таблички.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им

28/10/2026
Македонија

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ

28/10/2026
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ

28/10/2026
Македонија

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен

28/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ Тројца се

28/10/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ АНОНИМНО И

28/10/2026
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46410
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им порача на жителите да не

28/10/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник на

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ Повторно приведена зашто наплаќала влезници

28/10/2026

Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Боотх, жената која наплаќаше влез во локалилетот Куклица. Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41)

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на

28/10/2026

Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy