
НАКИТ НА АВСТРИСКА МИЛЈАРДЕРКА СЕ ПРОДАВА НА АУКЦИЈА: Може да урне рекорд, а стотина милиони ќе завршат во хуманитарна фондација
Приватната
колекција на покојната австриска милијардерка Хајди Хортен, составена од 700
парчиња накит, е најголемата и највредната колекција од ваков вид, која ќе биде
понудена на аукција, а би можела да се продаде за повеќе од 150 милиони долари,
соопшти аукциската куќа „Кристис“.
Некои од
највредните парчиња го вклучуваат дијамантскиот ѓердан од 90 карати на Хари
Винстон, наречен „Дијамантот од Индија“ и дијамантски прстен од Картие, кој се
проценува на 20 милиони долари, објави Ројтерс.

Колекцијата, која
почна да се акумулира во раните седумдесетти години до смртта на Хортен
минатата година, се состои и од повеќе од 100 парчиња „Булгари“.
Колекцијата
Хортен се очекува да ја надмине рекордната продажба на колекцијата на актерката
Елизабет Тејлор од 2011 година и на аукциите Махараџас и Могал во 2019 година,
единствените аукции на накит што надминуваат 100 милиони долари.
„Кристис“ соопшти
дека парите од продажбата на накитот ќе одат во хуманитарната фондација Хејди
Хортен.
ФОТО: EPA
