Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?
Економија

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

21/11/2024

AA

Веќе е речиси изгледно дека Таневски по повеќе од 30 години директорување заминува од „Македонијатурист“. А своите акции добро ќе ги наплати. Сега се наметнува наградното прашање каде Таневски ќе инвестира милиони евра од продажбата на акциите во најголемата хотелиерска компанија
Доне Таневски, најдолговечниот директор и актуелен претседател на надзорниот одбор на „Македонијатурист“ завчера продаде околу третина од сите негови акции во најголемата хотелиерска компанија, дознава „Фактор“ од добро информирани извори. 

Кој е среќниот купувач на акциите ќе видиме во понеделник со новата ажурирана состојба на акционерската книга на таа компанија што ја објавува Централниот депозитар за хартии од вредност.
Според нашите извори кои инсистираат да останат анонимни завчера во блок биле истргубани 30.741 акција со право на глас од „Македонијатурист“. 

Цената по која се истргувани е највисока досега од сите интензивни тргувања во последните три месеци. Цената по акција е 221 евро односно 13.597 денари. Топтан прометот изнесува 6,8 милиони евра односно 418 милиони денари. Најголем дел од акциите што биле истргувани ги продал токму Доне Таневски, а мало учество во тоа тргување имале негови блиски роднини.
Цената на акцијата по која продал Доне Таневски е приказна за себе. Особено е болно како оваа состојба се толкува од перспективата на малите акционери – домашни физички лица. Затоа што тие на берза за своите акции не можат да добијат сега ниту 8.000 денари по акција додека Таневски наплаќа 13.597 денари. 

Но, тоа е друго прашање со кое треба да се позанимаваат институциите на системот и да се изјаснат за да нема простор за шпекулации.
Што ќе прави Доне Таневски со милионите евра наплатени од акциите на „Македонијатурист“?
Одговорот на ова прашање вреди милион долари, кажано фигуративно. Односно ова е наградно прашање. Набљудувајќи ги трендовите на нашиот пазар на капитал односно на Македонската берза видливо е раздвижување на цените на најквалитетните акции и тоа во нагорна линија. Особено тука се издвојуваат акциите на „Алкалоид“, „Макпетрол“, „Комерцијална банка“ и на НЛБ Банка.
Во секој случај е добра инвестиција вложување во акции кои го сочинуваат МБИ-10 затоа што имаат беспрекорна дивидендна хронологија, континуиран раст на пазарното учество и се во компаниите лидери во своите дејности.

Р.Ф.

foto freepik.com/claudiodiv

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy