
НАФТАТА ПОСКАПЕ: Цената на доларот се намали
Доларот ослабе, а цената на нафтата порасна.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 148,10 на 147,60 јени. Цената на еврото достигна 1,0880 долари, додека вчера во ова време беше 1,0860 долари.
Цените на нафтата, се зголемија. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се зголеми за 0,47 отсто, на 80,40 долари, а на американскиот пазар цената на барелот поскапе за 0,57 отсто, на 75,50 долари.