
Надвор е опасно по живот, воздухот е загаден 8 пати над дозволеното: „Канцерогената бизнис мафија во Струмица гори отпад“
Повеќе од осум пати над дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен моментално е загаден воздухот во Струмица. Барем така покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина.
Не е само Струмица, аларманти податоци вечерва покажуваат и мерните станици во Кавадарци, Прилеп, Битола…
Градоначалникот на општина Струмица сподели фотографија од измерените ПМ10 честички во воздухот и напиша:
„Канцерогената бизнис мафија мораме сите заедно, сплотени и обединети во борбата за чист и здрав здив да војуваме и да ја поразиме! Ова не е борба на поединци, ова не е борба на идеологија ова е борба за здив на цела Струмица! Заедно ќе успееме!“, напиша Костадинов на друштвената мрежа Фејсбук.
Ова не е непознат проблем за Македонија. Секоја зима се соочуваме со истиот проблем, а надлежните не сакаат да слушнат за решение, а камоли да преземат мерки за заштита на населението.
Во реално време податоците од мерните станици може да ги следите тука.
