
Надоместок за попреченост и згрижување: Исплатата за ноември е во тек
Исплатата на надоместокот за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост и надоместок за сместување во згрижувачко семејство за ноември 2024 година е во тек, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. На петти декември почна исплатата на правата од социјална и детска заштита.