Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Надежите најавија борба за Европско – триумфално го отворија циклусот во Шведска!
Спорт

Надежите најавија борба за Европско – триумфално го отворија циклусот во Шведска!

08/09/2023

AA

Младата македонска фудбалска репрезентација најави дека ќе игра важна улога во овој квалификациски циклус и дека сериозно ќе се бори за пласман на Европско првенство, откако вечерва победнички тргнаа во новите квалификации, со победа кај втората селекција по рејтинг во групата, Шведска со 1-0 во Јонкопинг.

Младинците изминатиов период со многу самодоверба најавуваа дека имаат квалитет за нешто големо и дека имаат потенцијал да ја повторат историската 2017 година, па тоа на почеток и го покажаа со овој триумф против Швеѓаните, инаку поранешни европски младински прваци, како најава дека оваа генерација го има и потенцијалот и зрелоста и квалитетот да направи нов успех.

Иван Николов, фудбалерот на дански Сондерјиске денеска ја обезбеди победата со голот уште во седмата минута поради ноншалантноста на домаќините, па првиот удар заврши во дирекот, а од вториот со глава лесно ја смести топката во мрежа. Можеше Николов да се прослави и со втор гол и да ја завери многу порано победата, откако имаше зицер на десет минути пред крајот, но лошо се обиде да го матира домашниот голман откако загуби драгоцено време за реализација за да се намести на посилната десна нога.

Имаше Македонија и среќа за да победи, зашто Швеѓаните направија шанси за гол, но им затаи комплетно реализацијата, но во најголем дел и немаа идеја како да дојдат до позиција, освен во завршните 20-на минути кога целосно притиснаа и создадоа неколку можности за кои комплетниот наш тим до последен атом од силите изгинаа за да не дозволат погодок, а две за наша среќа „викинзите“ и не ги реализираа, иако беа чисти шанси за гол.

Во судиското надополнување Македонија имаше уште една голема шанса, но овојпат дирекот ги спаси Швеѓаните, после шут од 20 метри.

Македонија за четири дена ја чека вториот голем предизвик и тоа против првиот фаворит во нашата група, Холандија во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy