
Надал уште не е сигурен дали ќе игра во сингл
Тој има повреда на задната ложа, а по денешниот меч во двојки одби да одговори дали ќе се појави на теренот во првото коло. Противник треба да му биде Фучович и во случај на победа, треба да се сретне со Ѓоковиќ.
„Ќе разговарам со тимот и ќе донесеме одлука која е најдобра за нас за да имаме најголеми шанси да ѝ донесеме медал на Србија. Утре ќе ја донесеме конечната одлука“, изјави Надал по мечот во двојки.
Дуелот со Фучович треба да се игра утре попладне, а Ѓоковиќ денеска ја заврши својата работа, совладувајќи го Ебден со 2-0.