
Надал се предаде – пред целиот свет призна дека Ѓоковиќ ја добил битката!
„Бикот од Мајорка“ е свесен дека тоа е невозможна мисија, особено откако Србинот дојде до 24. трофеј и го остави Шпанецот зад себе со две помалку освоени титули.
„Знам дека нема да освојам повеќе гренслемови од Новак, но ќе си дадам шанса да се вратам на теренот и да уживам во тенисот“, изјави Надал.
Шпанецот откри и како се чувствува во моментов.
„Ако сакавте да ви кажам нешто ново што досега не сум го кажал, тоа е дека дефинитивно ќе се вратам и ќе играм. Не можам со сигурност да ви кажам на кој турнир, но работите се развиваат како што треба. Пред неколку недели не знаев дали ќе можам да се вратам, но во следниот период ќе можам да кажам повеќе да прецизирам“, дополни Шпанецот.
Надал во меѓувреме се обиде брзо да се врати, па замина на одмор и ја забави рехабилитацијата.
„Не знам на кое ниво ќе се вратам, но засега добро ми оди. Тренирам и многу сум среќен поради тоа. Не сум играл цела година и ме прави многу среќен што воопшто можам да зборувам за враќање и играње тенис. Повторувам, тешко ми е сега да кажам дали ќе биде на високо ниво ниво, но она што го знам е дека немаше да работам и тренирам ако немав намера да дадам се од себе“, заврши Надал.
Шпанецот во моментов е дури 664. тенисер во светот, а последен пат настапи на Австралија опен на почетокот на 2023 година.
