
Надал не може да игра на ОИ во Париз!?
Според правилата, Надал нема право на учество на турнирот, затоа што не играше за шпанската репрезентација на последните два Дејвис купа.
Во медиумите се појави информација дека постои можност да биде направен исклучок, а претседателот на германскиот тениски сојуз и кандидат за претседател на Меѓународната тениска федерација, Дитлоф Фон Арним се залага за тоа.
„Такви се правилата, но зошто да им правиме проблеми на тенисерите? Ако Рафа сака да игра во Париз, треба да му го олесниме тоа и да ги промениме правилата. Треба да се разговара за тоа“, вели Фон Арним.
