
Над 62 милиони возила поминале низ патарините, приходот e 66,5 милиони евра!
На патарините во државата во 2024 година биле регистрирани 62,6 милиони возила, а наплатата достигнала 99,2 проценти, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Приходот од патарини изнесувал над 66,5 милиони евра, што е за 4,32 милиони евра повеќе од 2023 година. За да се намали бројот на неплаќачи, во втората половина од годината биле […]