Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД 600 ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ОД 15 ДЕКЕМВРИ – премиерот Мицкоски верува дека нема да има манипулации
Економија

НАД 600 ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ОД 15 ДЕКЕМВРИ – премиерот Мицкоски верува дека нема да има манипулации

05/12/2024

AA

Над 600 производи од 15 декември ќе имаат намалени цени за најмалку 10 процени, а меѓу нив ќе се најдат дел од основните прехранбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото и преработките, свежи продукти, како и пијалоци, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на пресконференција. 

– Во присуство на производителите и дистрибутерите, на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме – нагласува премиерот. 

Тој истакна дека не станува збор за интервентна мерка, не е ограничување
на цените, туку договор со сите засегнати страни, и ќе се проверува само дали
се почитува договорот, со кој ќе се намалат цените на 600 прооизводи кои се
одрбрани со заеднички консензус, со цел да го помогнеме стандардот на
македонските граѓани.

– Целта на оваа влада е да се грижи за стандардот
на граѓаните и да се вратиме на победничките патеки. Очекувам акција, ниски
цени во очи на празниците, и среќни граѓани, со полни трпези за празниците кои
следат – посочи Мицкоски.

Што се однесува пак до министерот за економија Бесар Дурмиши, оваа новогодишна кошница е сосема поинаква од претходните. 

– Денеска после цел месец консултации со бизнис
заедницата имаме чест да ја најавиме новогодишната кошница направена заедно со
бизнис заедницата која ја најавивме за празниците.

Ова е
сосема поразлично од претходно, и е со цел заштита на граѓаните. Различно е
затоа што наместно ние како Влада да носиме одлука за намалување на цените на
основните прехранбени производи, оваа иницијатива е поразлична, и таа е
покрената и од самите производители и дистрибутери, кои доставија листа на
најпродавани производи, кои за празниците ќе се продаваат по цени пониски за
десет и повеќе проценти. Ова намалување на цените ќе важи еден месец, во период
кога се вклопуваат повеќе празници.

Со акциските цени ќе бидат опфатени повеќе
производи од типот на леб, житарки, месо, месни преработки, риба, млеко, млечни
производи, кондиториски производи, свежи овошје и зеленчук, пијалоци.

Тука се опфатени 675 производи, од 65 компании
и дистрибутери. Производите кои ќе бидат опфатени, ќе бидат означени со логото „Помалку
трошоци, повеќе за тебе“ – укажа министерот. Тој дополни дека за подобра информираност на граѓаните ќе има веб
страна  „Мојакошница.мк“, на која граѓаните може да се информираат кои производи ќе поевтинат. 

Премиерот и министерот истакнаа дека листата на производи не е конечна, и може да
се надополнува во секој момент.

– Ова е акција направена од општествено одговорни компании кои на граѓантие за празниците ќе им понудат повеќе. Не се предвидени
казни, односно нема да има контроли, таа ќе ја прават самите граѓани, кои ќе
купуваат од производите и кои ќе кажат самите дали има или нема намалување на
цените – укажа министерот. 

На новинарско прашање за тоа дека цените на производите
изминативе денови биле зголемени, и дека сега со попустот ќе се намалат на
нивото на кое биле пред поскапувањето, министерот рече дека бидејќи се
намалуваат цените на доброволна основа, ако откријат зголемување на цените пред
акцијата, ќе постапат согласно законите. Премиерот пак надополни дека службите ќе ги проверат центие кои биле овие денови, и да се направат проверки за можна манипулација на договорот, но истакна дека не очекува манипулации од бизнис заедницата. 

– Ако видиме дека некој манипулира, имаме алатки да ги казниме. Пазарниот инспекторат има начин да ги провери цените, ако некој сака да манипулира, има алатки да ги спречиме – дополни премиерот. 

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy