
Над 25.000 жени и деца убиени од Израел во Газа, изјави американскиот секретар за одбрана
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави денеска дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври, пренесе Ројтерс. Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата.
Остин беше запрашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку палестински жени и деца се убиени од израелските сили, на што тој одговори дека „бројката е над дваесет и пет илјади“.
Американскиот секретар за одбрана додаде дека повеќе од 21.000 прецизно наведувана муниција се доставени до Израел од почетокот на војната во Појасот Газа.
На 7 октомври 2023 година, радикалното палестинско движење „Хамас“ изненадувачки го нападна јужниот дел на територијата на Израел, според израелските податоци, борците на групата убиле околу 1.200 луѓе и однеле околу 250 заложници во Газа.
Жртвите од одмаздничките израелски напади досега во Појасот Газа веќе надминаа 30.000, според информациите на Министерството за здравство на движењето Хамас, кое ја контролира енклавата.

