Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 20 осомничени за пожарот во „Пулс“ – Тошковски: Нема да има милост за никого!
Македонија

Над 20 осомничени за пожарот во „Пулс“ – Тошковски: Нема да има милост за никого!

17/03/2025

AA

„Осомничени досега се повеќе од 20-тина луѓе, согласно последните информации кои ги добив за најголем дел од нив веќе се извршени разговори со истите. Дел од тие веќе се во притвор, дел од нив се од луѓето коишто биле во рамки на овој објект како повредени и дел од нив исто така во текот на денешниот ден, во текот на утрешниот ден по насока на Јавен обвинител ќе постапуваме и ќе бидат спроведени согласно закон до надлежен судија по претходна постапка за оние кои Јавното обвинителство ќе оцени дека треба да бидат така процесиуирани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител.

Министерот Тошковски истакна дека досега се констатирани основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 292 од КЗ.

„Досега морам да истакнам дека констатирани се основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност по 288 од КЗ, како и 292 кривично дело тешки дела против општата сигурност коишто се дефинирани за ваков тип на размери каде имаме смртни последици во ставот 2 од предметниот член и се предвидени навистина доста ригорозни казни. При што од сите оние сите основи на сомнение кои ги имаме досега од она коешто сум информиран од страна на Јавното обвинителство станува збор за една доста обемна документација, истрага која се спроведува, се вршат увиди на лице место, односно претреси во повеќе простории, се вршат увиди во рамки на министерство за економија во текот на вчерашниот ден, во рамки на други институции“, вели Тошковски.

Министерот Тошковски потенцираше дека нема да има милост за никого и секој еден ќе одговара.

„Нема да има буквално милост за никого, секој еден којшто допринел директно или индиректно, посредно или непосредно во рамки на оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија заради којашто плаче секој еден Македонец ќе одговара. Нема да е како досега во случаите“, рече Тошковски.

Министерот Тошковски укажа дека многу недобронамерници на оваа земја пробуваат да ја дефокусираат и манипулираат јавноста.

„Гледам дека многу недобронамерници на оваа земја во изминатите денови наместо да покажат разум, она коешто нормален човек треба да го покаже во рамки на ваква трагедија, тие пробуваат да ја дефокусираат, манипулираат јавноста итн., со дејствијата кои ги преземаме по насока на Јавен обвинител моментално како осомничени имаме луѓе кои биле на позиција министер, државен секретар, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица, обезбедување на лице место, луѓе на позиција да согласно нивни овластувања изготват одредена документација која била незаконита“, заклучи Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy