Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка
Економија

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

15/05/2024

AA

Над
130 компании од Северна Македонија денеска беа запознаени со можностите за
соработка со Лидл. Овој тип на соработка со локални компании е еден од основните
постулати на Лидл во секоја земја каде работи.

„Основната
идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните
производствени капацитети и заеднички раст и развој со нашите локални партнери,
и иако Лидл Северна Македонија се уште не е целосно оперативен, овој процес
веќе активно функционира. Во октомври минатата година започнавме со проект за
промоција на македонски традиционални производи во Лидл Србија и Лидл Бугарија,
каде ги претставивме македонскиот ајвар, пастрмајлијата, кочанскиот ориз,
тиквешкото вино, македонското јагне и многу други производи. Извозот кој ќе го
реализираме преку Лидл Северна Македонија до крајот на 2024 година само во овие
две земји е во вредност повеќе од 2.000.000 евра или раст од четири пати во
однос на минатата година. Вкусот на македонското овошје и зеленчук го
направивме достапен до потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска,
Чешка, Словачка и Германија. Од април 2023 до март 2024 година беа извезени
преку 3 600 палети овошје и зеленчук. Во рамките на календарската 2024 година
со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне
4 500 палети. Наведените примери и резултати се мотивација за нас и движечка
сила за понатамошен успех”, изјави Стефан Георгиев, директор на секторот за
набавка во Лидл Северна Македонија.

„Брендот
на Лидл е присутен во 31 земја, каде ги задоволуваме потребите на голем број
домаќинства. Како лидери во сегментот на секојдневно пазарување поставуваме
стандарди кои ќе го зголемат квалитетот на понудата, а во исто време ќе бидеме
ценовно конкурентни на пазарот. Но, основно за нас е да се соработува со
локалните компании”, додаде Рубријан Хаџиев, генерален директор на Лидл Северна
Македонија.

Лидл
е дел од групацијата Шварц, присутен во 31 земја, со промет од 114 милијарди
евра, 12 200 маркети и над 380 000 вработени.

Во
Северна Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар
во Куманово. 

пр објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy