Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 129.374 вработени во администрацијата – Алиу вели дека има две до три илјади со договор на дело
Македонија

Над 129.374 вработени во администрацијата – Алиу вели дека има две до три илјади со договор на дело

26/04/2023

AA

Точна е објавената бројкатa на вработените во јавната администрација, но во неа ги нема оние кои се ангажирани со договор на дело и со нив се мисли дека вкупната бројка е поголема за две до три илјади, посочи министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Тој вечерва во гостувањето на Телма се осврна на извештајот што беше презентиран денеска, а во кој се вели дека заклучно со крајот на 2022 година, вкупната бројката на административци изнесувала 129.374, што е за 2.714 помалку во однос на 2021 година.

Алиу напомена дека најголем дел од институциите или 60,7 отсто се на локално ниво, а 39,3 отсто се на централно ниво. Во текот на минатата година се формирани девет нови институции, а згасната е една.

Тој посочи дека постојат институции во кои бројот на членови на Управни одбори е поголем од бројот на вработени и затоа постои процес на скенирање, кој ќе даде јасна слика за тоа што се случува, по што ќе следува втората фаза на нивна оптимизација,

Министерот исто така потенцираше и дека има неколку закони кои се во почетна, а некои се во завршна фаза и изрази очекување дека наскоро ќе се најдат на гласање пред пратениците.

– Според директивите на Европската Унија, ние сме задолжени да одиме кон оптимизација на јавната администрација. Но, тоа не значи дека не треба да се креира една институција, да згасне друга институција, да се поврзуваат две во една итн. Таа е методологијата по која треба да се работи во овој период. Имаме експерти и домашни и странски кои прават функционална анализа на ниво на институции и нудат сервиси во тие институции, со цел да нема поклопување на надлежностите. За жал, досега се детектирани неколку институции во кои дел од процесот е во една, па потоа продолжува во друга. Тоа подразбира оптимизацијата, истакна Алиу.

Во однос на дигитализацијата, Алиу рече дека се работи на креирање на Закон за Агенција за дигитализација, кој, како што рече, ќе биде „чадор“ на ниво на држава и кој ќе ги имплементира политиките за дигитална трансформација на ниво на државата.

– Министерството за информатичко општество ги креира политиките за јавна администрација, за ИКТ и за медиумите. Во делот на ИКТ, се предвидува Агенцијата да ги иплементира тие политики на ниво на државата и ќе имаме оптимизација и синхронизација на тие процеси. Во моментов креираме 135 нови услуги. Ќе почнеме да ги имплементираме со слоганот „Дигитална ера“. Тие услуги кои се базични за граѓаните ни се приоритет и во оваа фаза интензивно работиме како Министерството, заедно со другите институции, за да се дигитализираат тие процеси, додаде Алиу.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy