
НАД 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ГОДИШНО: Koja земја фрла најмногу храна?
Во светот годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна, a половина e во Саудиска Арабија.
Програмата на ОН за фрлање храна, соопшти дека Саудиска Арабија е на врвот на листата на земји кои фрлаат храна и на неа отпаѓаат дури 50 отсто од таквиот отпад во светот, објави индискиот ТВ канал WION. Саудискиот министер за животна средина, вода и земјоделство Абдул Раман бин Абдул Мосен ал-Фадли ги потврди податоците. Ал Фадли кажа дека отпадот од храна ја чини неговата земја 10,6 милијарди долари годишно. Додаде дека стапката на фрлање храна надминува 33 отсто. Државната управа за општа безбедност на храната, по објавувањето на извештајот во октомври лани, почна сеопфатна кампања за подигање на свеста за поттикнување на практиката на одговорно консумирање. Во Африка и Азија, населението се соочува со недостиг од храна.
foto freepik.com/KamranAydinov
